fbpx
Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Кога станува збор за мебел, сите се согласуваме дека добро изработените парчиња мебел се важен дел од секој простор. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е процесот во кој сировите материјали се претвораат во функционални уметнички дела? Ве покануваме да ни се...

Кои сме ние

Кои сме ние

Целосно индивидуализиран пристап за секој ентериерен проект Компанијата Wood Мark постои повеќе години на македонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија. Седиштето на нашата компанија се наоѓа на 1.800м2 каде се...

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

Нешто што беше огромен тренд во 20-от век и кој сега со полн замав ја враќа својата популарност се декоративните ѕидни облоги во домот. Декоративните ѕидни облоги се одличен начин да внесете топла и удобна атмосфера во целокупниот декор на Вашиот дом. Исто така,...

8 комбинации на бои за вашата кујна

8 комбинации на бои за вашата кујна

Кујната е срцето на домот. Без разлика дали е голема или мала, таа е центарот на животниот простор каде се припремаат вкусни оброци што го сплотуваат семејството. Изгледот на кујната значително влијае на атмосферата во целиот дом. Но кога кога ќе го започнете процесот...

10 идеи за уредување на мали спални соби

10 идеи за уредување на мали спални соби

Сите знаеме дека со модерниот начин на живот во градовите сме условени да живееме во мали простори каде што секој квадратен метар е од огромна важност. Сите декоративни детали кои не се функционални стануваат непотребен вишок кој ви смета, немате доволно простор за...

Зад сцените во Wood Mark: Менаџмент, Продажба и Администрација

by | Nov 30, 2023

Добредојдовте повторно зад сцените во Wood Mark, каде што ги истражуваме процесите и вештините во изработката на мебел по мерка. Во нашата претходна објава се запознавме со структурата на нашата фабрика заедно со сите нејзини сектори и производствени процеси. Денес, ја продолжуваме нашата приказна со тоа што ќе се обидеме да ви ги пренесеме динамиката и предизвиците со кои се соочуваат нашите сектори: менаџмент, продажба и администрација.

1. Визија: Креирање успех од концепт до реализација – Една од тајните на успехот на Wood Mark се крие во посветениот тим на лидери кои со својата визија, одлучуваат помеѓу бројните можности кои ги нуди оваа индустрија и ја создаваат патеката по која се движи нашата компанија. Нашето раководство има за цел да ги трансформира идеите во реалност и да ги создава, води и развива новите трендови како и да ги усовршува трајните вредности во индустријата на производство на мебел по мерка.

Еден од клучните аспекти на менаџментот на Wood Mark е негувањето на култура на константен развој и надградба. За таа цел за секој од нашите сектори се организираат професионални обуки од различен вид според потребите на секторот како што се на пример: Лидерство и Менаџмент, Односи со клиенти, Продажба, Специјализирани машински обуки, Специјализирани софтверски обуки и други со чија помош сме секогаш еден чекор пред предизвиците.
Од поставување на стратешки цели до координацијата помеѓу различните сектори, секоја одлука на нашите лидери ја рефлектира нашата посветеност кон квалитетот.

2. Вештините во продажбата: Претворајќи ги желбите во реалност – Нашиот sales тим игра клучна улога во пртеворањето на вашите желби и замисли во реалност. Настрана од продажбата, сите членови од овој тим се дизајн ентузијасти и експерти во полето на мебел и дизајн кои целосно ги разбираат специфичностите во естетиката и производството. Преку нашиот showroom како и преку нашиот вебсајт и преку социјалните медиуми, нашиот продажен тим е тука да во води низ безбројните можности од нашиот каталог и со тоа да ви помогне да ги остварите вашите желби и замисли за вашиот простор.

Посветеноста на Wood Mark Кон клиентите оди многу подалеку од самата продажба. Нашите претставници остануваат посветени низ сите процеси, погрижувајќи се да истите течат непрекинато до самиот крај, односно целосната реализација на вашиот простор. Преку овој персонализиран пристап, а благодарение на сопственото производство на мебел и контролата на квалитет и логистика, можете да бидете сигурни дека целиот процес на реализација се одвива во согласност со Вашата визија и замисла.

3. Администрација и логистика: Прецизност и ефикасност – Зад секое парче мебел кое излегува од нашата фабрика стојат низа на администартивни процеси кои се во голем дел заслужни за непрекинатото испорачување на производот и кои воедно обезведуваат поддршка за сите останати сектори во нашата компанија. Од набавки и финансии се до логистика, нашиот непроизводствен административен тим се грижи за прецизноста и ефикасноста на секој од овие процеси. Во индустрија во која тајмингот е се, Wood Mark е посветен во исполнување на договорените рокови по секоја цена. Координирање со добавувачи, создавање на периодични работни планови и оптимизација на логистичките процеси претставуваат само дел од внимателното планирање и организација која се случува зад сцените. Оваа посветеност кон ефикасноста ни овозможува константно и без исклучоци да го испорачаме нашиот производ согласно договорениот рок.

Вашата приказнa: Изработена со многу љубов во Wood Mark

Веруваме дека во ова продолжение на истражувањето зад сцените во Wood Mark, добивте подлабок впечаток и разбирање за различните предизвици со кои се соочуваат нашите сектори на раководство, продажба и администрација кои се клучен дел од нашата заедничка приказна. Од првичната идеја до реализацијата на вашиот простор, во секој чекор ќе најдете пасија и посветеност

Ви благодариме што сте дел од оваа приказна и останете со нас и наредниот пат каде што ќе зборуваме повеќе околу проектирањето и производството.

Со многу љубов,
Wood Mark

Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Кога станува збор за мебел, сите се согласуваме дека добро изработените парчиња мебел се важен дел од секој простор. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е процесот во кој сировите материјали се претвораат во функционални уметнички дела? Ве покануваме да ни се...

Кои сме ние

Кои сме ние

Целосно индивидуализиран пристап за секој ентериерен проект Компанијата Wood Мark постои повеќе години на македонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија. Седиштето на нашата компанија се наоѓа на 1.800м2 каде се...

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

Нешто што беше огромен тренд во 20-от век и кој сега со полн замав ја враќа својата популарност се декоративните ѕидни облоги во домот. Декоративните ѕидни облоги се одличен начин да внесете топла и удобна атмосфера во целокупниот декор на Вашиот дом. Исто така,...

8 комбинации на бои за вашата кујна

8 комбинации на бои за вашата кујна

Кујната е срцето на домот. Без разлика дали е голема или мала, таа е центарот на животниот простор каде се припремаат вкусни оброци што го сплотуваат семејството. Изгледот на кујната значително влијае на атмосферата во целиот дом. Но кога кога ќе го започнете процесот...

10 идеи за уредување на мали спални соби

10 идеи за уредување на мали спални соби

Сите знаеме дека со модерниот начин на живот во градовите сме условени да живееме во мали простори каде што секој квадратен метар е од огромна важност. Сите декоративни детали кои не се функционални стануваат непотребен вишок кој ви смета, немате доволно простор за...

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

Доколку барате совршен дизајн за вашата кујна ова лето, сега е времето за детално да размислите за тоа! Готвењето и припремата на храна во текот на топлите летни месеци се сведуваат на пронаоѓање нови и ефикасни начини за управување со топлината, но и поедноставување...