fbpx
Кои сме ние

Кои сме ние

Целосно индивидуализиран пристап за секој ентериерен проект Компанијата Wood Мark постои повеќе години на македонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија. Седиштето на нашата компанија се наоѓа на 1.800м2 каде се...

8 комбинации на бои за вашата кујна

8 комбинации на бои за вашата кујна

Кујната е срцето на домот. Без разлика дали е голема или мала, таа е центарот на животниот простор каде се припремаат вкусни оброци што го сплотуваат семејството. Изгледот на кујната значително влијае на атмосферата во целиот дом. Но кога кога ќе го започнете процесот...

10 идеи за уредување на мали спални соби

10 идеи за уредување на мали спални соби

Сите знаеме дека со модерниот начин на живот во градовите сме условени да живееме во мали простори каде што секој квадратен метар е од огромна важност. Сите декоративни детали кои не се функционални стануваат непотребен вишок кој ви смета, немате доволно простор за...

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

Доколку барате совршен дизајн за вашата кујна ова лето, сега е времето за детално да размислите за тоа! Готвењето и припремата на храна во текот на топлите летни месеци се сведуваат на пронаоѓање нови и ефикасни начини за управување со топлината, но и поедноставување...

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

by | Aug 4, 2022

Нешто што беше огромен тренд во 20-от век и кој сега со полн замав ја враќа својата популарност се декоративните ѕидни облоги во домот. Декоративните ѕидни облоги се одличен начин да внесете топла и удобна атмосфера во целокупниот декор на Вашиот дом. Исто така, ѕидните облоги се неверојатен медиум кој не само што прави домот да изгледа попривлечно туку е и корисен елемент кој се вклопува во различни стилови на дизајн. Можете слободно да ја изразите вашата креативност и да си играте со текстурите и шарите на ѕидните облоги за да добиете еден уникатен изглед според Вашиот личен вкус. Во прилог Ви претставуваме неколку идеи за ѕидни облоги за да Ве инспирираме и за да добиете идеја како истите се вклопуваат во секоја просторија од домот.

  1. Ѕидни облоги од фурниран медијапан

Фурнирот е природен материјал од дрво кој дава топол изглед во Вашиот дом и кој најмногу прилега во дневните и спалните соби. Полните и богати текстури кои ги содржи го прават одличен за обложување на поголеми површини без да се презасити просторот. Ѕидните облоги од фурниран медијапан се едни од најпопуларните ѕидни облоги кај оние кои сакаат да ја внесат природата во ентериерот. Во моментов во Wood Mark™ и на домашниот пазар се присутни фурнири од неколку видови на дрво како американски орев, бука и даб – сите со свои текстури и бои кои можат да одговорат на сечиј вкус и простор.

2. Ѕидни облоги од оплеменета иверка

Оплеменетата иверка е еден од материјалите со најширока примена во уредувањето и декорирањето на сите видови ентериери. Во видот на ѕидни облоги, оплеменетата иверка е исклучително декоративна поради огромниот избор на дезени, бои и текстури. Одлично се вклопува како дел од узглавјето во спалната соба или ѕидот кај TV комодата, а нејзините најголеми предности се практичноста и односот на цена и квалитет.

3. Ѕидни облоги од фарбан медијапан

Медијапанот е материјал кој е исклучително добар за обликување што значи дека е првиот избор кај оние кои имаат специфична идеја за тоа како сакаат да изгледа нивниот простор. Најчесто ѕидните облоги од фарбан медијапан се користат како акцент на просторот, на помали ѕидови или како дел од поголеми композиции во кои совршено го наоѓаат своето место во комбинација со оплеменета иверка или фурниран медијапан. Во Wood Mark™ можете да најдете огромен избор на бои и завршници како мат или сјај се со цел да ја реализирате Вашата идеја, возможни се сите опции.