fbpx
Кои сме ние

Кои сме ние

Целосно индивидуализиран пристап за секој ентериерен проект Компанијата Wood Мark постои повеќе години на македонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија. Седиштето на нашата компанија се наоѓа на 1.800м2 каде се...

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

Нешто што беше огромен тренд во 20-от век и кој сега со полн замав ја враќа својата популарност се декоративните ѕидни облоги во домот. Декоративните ѕидни облоги се одличен начин да внесете топла и удобна атмосфера во целокупниот декор на Вашиот дом. Исто така,...

10 идеи за уредување на мали спални соби

10 идеи за уредување на мали спални соби

Сите знаеме дека со модерниот начин на живот во градовите сме условени да живееме во мали простори каде што секој квадратен метар е од огромна важност. Сите декоративни детали кои не се функционални стануваат непотребен вишок кој ви смета, немате доволно простор за...

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

Доколку барате совршен дизајн за вашата кујна ова лето, сега е времето за детално да размислите за тоа! Готвењето и припремата на храна во текот на топлите летни месеци се сведуваат на пронаоѓање нови и ефикасни начини за управување со топлината, но и поедноставување...

8 комбинации на бои за вашата кујна

by | Jun 20, 2022

Кујната е срцето на домот. Без разлика дали е голема или мала, таа е центарот на животниот простор каде се припремаат вкусни оброци што го сплотуваат семејството.

Изгледот на кујната значително влијае на атмосферата во целиот дом. Но кога кога ќе го започнете процесот на избирање на дизајн за вашата кујна, најголемиот фокус најчесто би бил стилот и функционалноста. Но има еден важен фактор што и тоа како го менува целиот изглед на вашата кујна, а тоа е бојата. Без разлика на стилот и материјалот на елементите, лоша боја или пак боја што воопшто не одговара може веднаш да ве одвлече.

Избирањето на вистинските комбинации на бои е  од клучен аспект за да ја добиете посакуваната хармонија во кујната каде ќе уживате во готвењето. Има општи правила кога станува збор за кујнски бои. На пример, црвената боја во кујната може да предизвика одбивност, па затоа се советува внимателно да се користи оваа боја. Доколку пак, имате омилена боја која едноставно не одговара на елементите во кујната, таа боја може да се искористи на сосема друг начин.

За таа цел, одвоивме 8 примери на бои што во моментов се во тренд и совети како да ги изберете точните нијанси на бои.

1. Пастелни нијанси

Пастелните нијанси се мудар избор со кој нема да згрешите доколку сакате пространост и свеж изглед на кујната.  Познато е дека пастелните бои го прават просторот светол, смирен и топол. Тие се одличен начин да дадете малку карактер во кујната без да направите да изгледа претерано.  Можете да користите пастелно зелена, сина, жолта или боја на лаванда за вашите висечки елементи и да ги искомбинирате со бели ѕидови и мермерна работна површина за кујната да изгледаа разиграно, но класично и привлечно.

Сликата е превземена од Pinterest

2. Силни бои 

Доколку сакате впечатливи нијанси, важно е да не го преоптеретите просторот со силните бои и да ја најдете вистинската рамнотежа. За таа цел можете да искомбинирате впечатливи бои на елементите, како и неутрални бои на ѕидовите и работната површина.

Сликата е превземена од Pinterest

3. Земјени бои 

Земјените тонови се врвен тренд оваа година, затоа вклучете богати и топли кафени тонови и глинени нијанси. Убавината на земјените нијанси е тоа што се разновнидни и можат да ја пополнат улогата неутрална основна боја, без да бидат еднодимензионални како што е белата боја. Исто така, овие бои ви даваат простор да експериментирате со текстури и материјали.

Сликата е превземена од Pinterest

4. Црна боја 

Црната боја внесува драма. Можете да ја искомбинирате со дрвени елементи за да добиете природен стил, или пак метални елементи кои даваат многу убав финиш како на пример, месинг.

Сликата е превземена од Pinterest

5. Жолта боја

За смел изглед изберете жолта боја. Жолтата боја влијае на нашите емоции и е одличен избор за кујна, особено ако има недостаток на природна светлина. Светла и весела боја што внесува позитивност во срцето на домот.

Сликата е превземена од Pinterest

6. Бела боја

Белата боја дава класичен изглед и е совршен избор за мали кујни затоа што го отвора просторот. Белата боја создава чувство на смиреност. Кога се користи за дизајнот во кујната, може да направи просторот да изгледа чист, софистициран и елегантен.

Сликата е превземена од Pinterest

7. Темносини нијанси

Доколку сакате да изберете темна боја, а црната е претерана за вас, тогаш одете со темно сина. За софистициран изглед, овие нијанси се совршени за комбинација со бела боја, или пак елементи од метал, како златна или сребрена боја. Искомбинирајте со дрвен под и ќе добиете совршен баланс.

Сликата е превземена од Pinterest

8. Шареноликост во кујната

Можеби сакате различни бои во куната? Тоа е храбар начин за да добиете уникатност во вашиот кујнски простор. Она на кое најмногу треба да внимавате се комбинациите на бои.

Сликата е превземена од Pinterest

Бојата е моќна алатка за дизајн – не само што може целосно да го промени расположението на кујната, колку боја ќе додадете ќе влијае на кои делови од кујната ќе бидат повпечатливи за окото. Доколку сè уште се мислите кои нијанси да ги одберете, нашиот тим во Wood Mark со задоволство ќе ви помогне во избирањето на бојата специјално за вашиот кујнски простор.