Сектор Работилница и Монтажа
Налозите кои излегуваат од секторот за производство ја добиваат својата форма токму овде – во нашата работилница која е опремена со најсовремен професионален алат од секаков вид од палетата на Festool и DeWalt. Станува збор за сложен тим од искусни столари кои го претставуваат она што е наша јака страна, а тоа е точност, исполнителност и одговорност, грижејќи се за сите детали да бидат во согласност со европските стандарди за квалитет. Тимот на работилница и монтажа успешно ги совладува предизвиците на секој простор, секојдневно и со голема љубов кон работата.