WoodMark

Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

  • Почетна
  • Блог
  • Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Зад сцените во Wood Mark, Вашиот избор за мебел по мерка

Кога станува збор за мебел, сите се согласуваме дека добро изработените парчиња мебел се важен дел од секој простор. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е процесот во кој сировите материјали се претвораат во функционални уметнички дела? Ве покануваме да ни се придружите зад сцените во Wood Mark – каде што ќе ги истражиме процесите и вештините во изработката на мебел по мерка по пат на следните неколку објави преку кои веруваме ќе добиете појасна слика околку производството и мебелот.

ФабрикаСтруктурата во производството на мебел по мерка

За да едно парче или како што ние велиме – една табла плочест материјал се претвори во функционално парче мебел, потребно е да помине низ неколку процеси. Секој од овие процеси има особена важност и приоритет во изработката на мебелот кој го испорачува нашата фабрика во Wood Mark. За да овие производни процеси течат непрекинато и да испорачуваат константен квалитет во изработката заслужна е структурата на нашата фабрика која е сочинета од повеќе сектори кои заедно го претставуваат тимот на Wood Mark.

Сектор Раководство

Секторот за раководство е оној кој што ги движи процесите во нашата компанија. Овде, се носат стратешки одлуки и се создава визијата на компанијата. Нашиот менаџерски тим е посветен на поставување цели и контрола на буџетот, грижејќи се да секој од останатите сектори функционира во согласност со нашата мисија.

Сектор Продажба

Секторот Продажба е мостот кој не поврзува нас со нашите клиенти. Нашиот тим за продажба е секогаш подготвен да одговори на сите ваши барања, без разлика дали станува збор за сериски мебел или мебел по мерка, тие се вашата прва станица во остварувањето на вашата замисла.

Сектор Непроизводствена Администрација

Зад сцените, секторот за Непроизводствена Администрација раководи со повеќе важни одговорности како што се – човечки ресурси, финансии и сметководство. Овој сектор е исклучително важен за нашата компанија, обезбедува поддршка за нашиот тим, погрижувајќи се да сите процеси течат непрекинато.

Сектор Проектантско Студио

Во нашето проектантско студио, креативноста излегува на површината. Овде е точката од која што почнува создавањето “Функционални уметнички дела”, со помош на нашиот докажан тим на проектанти и дизајнери на мебел и ентериер кои креираат иновативни, естетски и пред се функционални концепти. Посветени сме да бидеме пред трендовите и да испорачуваме дизајни кои ја одликуваат нашата компанија.

Сектор Набавки и Магацин

Ефикасното складирање и навремената набавка на материјали е основата на производството во Wood Mark. Во секторот за набавки се грижиме секогаш да ги одбереме најдобрите материјали според нашите потреби и да менаџираме со залихите со цел нивно ефикасно користење и намалување на загубите.

Сектор за Производство

Секторот за производство е срцето на нашата фабрика. Овде, сировите материјали започнуваат да ја добиваат нивната финална форма. Современиот машински парк заедно со вештиот и обучен тим на оператори ја претставува производствената линија во која се извршуваат процесите на кроење, кантирање, бушење и ЦНЦ обработки.

Сектор Работилница и Монтажа

Елементите од мебел кои излегуваат од секторот за производство ја добиваат својата форма токму овде – во нашата работилница. Нашиот тим на столари го претставува она што е наша јака страна, а тоа е точност, исполнителност и одговорност, грижејќи се за сите детали да бидат во согласност со нашите стандарди за квалитет.

Сектор Фарбара

Благодарение на професионалната комора, во комбинација со запазувањето на правилните процедури при припремата на материјалите, нанесувањето на боја, бајц или лак и користењето на квалитетни материјали – фарбарата е секторот каде што нашиот мебел го добива својот вистински лик.

Сектор Транспорт

Откако ќе завршат сите производствени процеси, секторот за транспорт, со голема прецизност и грижа, го превзема вашиот мебел и безбедно го доставува до вашата локација.

Нашата цел е со нашиот квалитет и сериозност и со нашиот сектор за сервис да имаме бројни задоволни клиенти. Секој од овие сектори има особена важност и приоритет во изработката на мебелот кој го испорачува нашата фабрика и заедно тие го преставуваат тимот на Wood Mark.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP