WoodMark

10 идеи за уредување на мали спални соби

10 идеи за уредување на мали спални соби

Сите знаеме дека со модерниот начин на живот во градовите сме условени да живееме во мали простори каде што секој квадратен метар е од огромна важност.

Сите декоративни детали кои не се функционални стануваат непотребен вишок кој ви смета, немате доволно простор за сите сопствени ситници и гардероба и се чувствувате како да живеете во мала кутија. Сепак постојат повеќе начини како малата спална соба да ја направите убава и комфорна, со малку труд. Немојте да мислите дека вашиот мал простор ќе ве ограничи и ќе ви оневозможи да создадете удобен простор кој ќе го сакате. Ако ѝ дозволите на вашата креативност да се разбуди, брзо ќе разберете дека секоја соба може да биде убава, доколку сами ја организирате.

Модерните и луксузни ентериерни решенија често ви наметнуваат идеи за распоредот во просториите, па сметате дека во својата спална соба морате да имате простор за работа, дел за седење и голем кревет, но меѓутоа ако се сетите која е функцијата на спалната соба ќе разберете дека ништо од тоа не е неопходно. Спалната соба треба да биде место каде ќе се одморите и ќе ги наполните батериите за да имате доволно енергија за сите предизвици во денот што следи.

Оттаму, малите спални соби можат да бидат во вистинска предност, затоа што ќе ви оневозможат во нив да внесете многу работи кои ќе ви го одвлекуваат вниманието. Затоа решивме да ви претставиме десет идеи за уредување на мали спални соби кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

1. Користете нежни и светли бои

Белата боја е идеален избор за мала спална соба. Таа ќе ви помогне да создадете простор кој нема да изгледа стуткано или клаустрофобично. Белата или која било друга посветла боја ќе ви помогне да се изборите со малиот простор, особено доколку имате прозори низ кои влегува природна светлина.

Доколку стравувате дека белата спална соба ќе изгледа стерилно и безлично, додадете уште некој детал во вид на боја, текстура на ѕидот или дезен кој ви се допаѓа. Декорацијата на вашиот кревет или другите елементи од мебел, завеси и теписи во боја моќат да ви помогнат да креирате простор кој ќе ја отсликува вашата личност.

2. Позиционирајте го креветот во агол

Повеќето ентериерни решенија, го сместуваат креветот во централниот дел на спалната соба. Сепак ако вашиот простор е ограничен, дозволете си да експериментирате. За максимално да ја искористите секоја педа од вашиот простор, ставете го вашиот кревет во агол или до ѕид. На овој начин успешно ќе создадете простор посветен на спиењето кој ќе изгледа удобно и опуштено.

3. Избегнувајте гломазни узглавја на креветот

Дури и неколку сантиметри простор во спалната соба можат да бидат од витално значење. Простете се од гломазното узглавје и заменете го со нешто помало, поедноставно. Денес постојат многу модерни варијации, па сме сигурни дека со овој компромис нема да загубите премногу.

4. Минимализам

Додадете простор во вашата спална соба на начин на кој внимателно ќе ја одберете својата декорација и ќе создадете осмислени и неопходни целини. Фокусирајте се на просторот под креветот и од него направете дел за сместување на кутии и други помалку потребни работи. Она што се нуди како уште подобра опција се вградени комоди кои се камуфлираат, а претставуваат изобилство на слободен простор за чување на вашата гардероба.

5. Зголемете ја собата со огледала

Огледалата визуелно го зголемуваат просторот затоа што креираат илузија на поголем простор. Позиционирајте го огледалото така што ќе гледа кон прозорот и рефлектира светлина. Ако сакате големо огледало во својата спална соба, набавете некое кое што ќе можете да го закачите на ѕид се со цел да избегнете создавање на натрупаност на подот. 

6. Просторот под креветот претворете го во остава

Иако веќе зборувавме за ова, мораме особено да се посветиме на оваа идеја. Денес, на пазарот како и во нашата понуда во Wood Mark постојат голем број кревети кои доаѓаат со фиоки веднаш под самиот душек. Доколку вашиот простор е толку ограничен и не можете да имате фиоки, тогаш купете неколку декоративни кутии во кои ќе можете да ги одложите сите работи кои ви се од важност, а за кои обично немате место.

7. Вертикално уредување

Доколку имате ограничен поден простор, но имате високи плафони, размислете ја опцијата на додавање платформа за вашиот кревет како би добиле повеќе простор. Ова не е добра опција за секој, но на оние кои се доволно храбри да пробаат нешто ново и не им пречи да спијат на подигнат простор, ќе им отвори врата во сосема нов организиран свет без неред.

8. Ѕидни облоги

Единствено затоа што вашата спална соба е мала, не значи дека истата мора да биде досадна. Со ѕидни облоги со храбри дезени можете да создадете акцентен ѕид или пак да декорирате само одреден дел од вашата соба. Ѕидните облоги се повторно во мода, но ако се користат погрешно можат дополнително да го смалат просторот. Во Wood Mark имаме огромен избор на материјали за вашите ѕидни облоги. Имајќи го тоа на ум, бидете внимателни кога го бирате вашиот дезен и размислете во насока на создавање кохезивна целина која убаво ќе се вклопи во вашиот простор.

9. Бидете креативни со полици

Полиците се идеално решение за помали станови, бидејќи можете да вградите онолку колку ви е потребно. Можете да ги користите во вид на маса за шминкање и козметика, полица за книги, полица за ситници, масички за лаптоп и уште безброј нешта… сетете се, важно е да бидете креативни!

10. Модифицирајте ги ѕидовите

Во најновите згради, ѕидовите се прават од гипс и слични “меки” материјали. Па со малку труд и вештина можете да ги прилагодите на своите потреби. Доколку вашиот кревет не стои на надворешен ѕид, можете да креирате вдлабнување во ѕидот кое ќе изгледа многу шармантно. Ова не би го опишале како “Направи сам” проект, затоа што не е наменето за оние кои никогаш немале искуство со вакво нешто. Ќе ве чини малку повеќе меѓутоа најдобро е за овој подвиг да најмите мајстори.

Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите идеи и дека ќе ве инспирираат да го создадете вашиот простор кој ќе ве направи посреќни!

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP