WoodMark

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

  • Home
  • Блог
  • 3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

3 најпопуларни видови на ѕидни облоги

Нешто што беше огромен тренд во 20-от век и кој сега со полн замав ја враќа својата популарност се декоративните ѕидни облоги во домот. Декоративните ѕидни облоги се одличен начин да внесете топла и удобна атмосфера во целокупниот декор на Вашиот дом. Исто така, ѕидните облоги се неверојатен медиум кој не само што прави домот да изгледа попривлечно туку е и корисен елемент кој се вклопува во различни стилови на дизајн. Можете слободно да ја изразите вашата креативност и да си играте со текстурите и шарите на ѕидните облоги за да добиете еден уникатен изглед според Вашиот личен вкус. Во прилог Ви претставуваме неколку идеи за ѕидни облоги за да Ве инспирираме и за да добиете идеја како истите се вклопуваат во секоја просторија од домот.

  1. Ѕидни облоги од фурниран медијапан

Фурнирот е природен материјал од дрво кој дава топол изглед во Вашиот дом и кој најмногу прилега во дневните и спалните соби. Полните и богати текстури кои ги содржи го прават одличен за обложување на поголеми површини без да се презасити просторот. Ѕидните облоги од фурниран медијапан се едни од најпопуларните ѕидни облоги кај оние кои сакаат да ја внесат природата во ентериерот. Во моментов во Wood Mark™ и на домашниот пазар се присутни фурнири од неколку видови на дрво како американски орев, бука и даб – сите со свои текстури и бои кои можат да одговорат на сечиј вкус и простор.

2. Ѕидни облоги од оплеменета иверка

Оплеменетата иверка е еден од материјалите со најширока примена во уредувањето и декорирањето на сите видови ентериери. Во видот на ѕидни облоги, оплеменетата иверка е исклучително декоративна поради огромниот избор на дезени, бои и текстури. Одлично се вклопува како дел од узглавјето во спалната соба или ѕидот кај TV комодата, а нејзините најголеми предности се практичноста и односот на цена и квалитет.

3. Ѕидни облоги од фарбан медијапан

Медијапанот е материјал кој е исклучително добар за обликување што значи дека е првиот избор кај оние кои имаат специфична идеја за тоа како сакаат да изгледа нивниот простор. Најчесто ѕидните облоги од фарбан медијапан се користат како акцент на просторот, на помали ѕидови или како дел од поголеми композиции во кои совршено го наоѓаат своето место во комбинација со оплеменета иверка или фурниран медијапан. Во Wood Mark™ можете да најдете огромен избор на бои и завршници како мат или сјај се со цел да ја реализирате Вашата идеја, возможни се сите опции.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP