WoodMark

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

  • Почетна
  • Блог
  • 5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

5 дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето

Доколку барате совршен дизајн за вашата кујна ова лето, сега е времето за детално да размислите за тоа!

Готвењето и припремата на храна во текот на топлите летни месеци се сведуваат на пронаоѓање нови и ефикасни начини за управување со топлината, но и поедноставување на вашите рецепти. Можеби само сакате да се оддалечите од шпоретот или едноставно губите мотивација да готвите во вашата кујна во текот на летото. На крајот, можеби вашите летни планови едноставно вклучуваат почесто излегување, па вашето време за готвење е ограничено и во втор план. Сите овие опции се опдравдани!

Најдобрите дизајни на кујни можат да функционираат во било кое годишно време и направени се на начин да ги следат вашите потреби. Дизајнот на кујна за четиричлено семејство, во голема мера се разликува од дизајнот на кујната за некој кој живее сам, затоа од огромна важност е да најпрво добро се размисли за секој детал за да не се предвидат некои клучни работи.

Доколку размислувате за промена на изгледот на вашата кујна, треба да имате предвид дека дизајнот на вашиот нов простор ќе вклучува неколку решенија за борба против летните топлотни бранови. Во продолжение се пет дизајнерски совети за уредување на вашата кујна ова лето.

1. ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ЛЕТНИ БОИ

Создадете пријатна кујна во текот на ова лето со тоа што ќе одберете бои кои одговараат на најтоплото годишно време. Одберете светло дрво и светли работни површини за да внесете чист и прозрачен изглед во кујнскиот простор. За декорацијата и дизајнот на кујнските вратички најдобро ќе служат белата или посветлите дрвени бои. Светлите сини бои искористете ги за декорација која добро ќе се вклопи со останата палета и ќе создаде свежина во просторот. Побарајте електрични апарати за домаќинство во елегантна и светла сива боја, а не во црна или темно сива боја.

2. РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ПОДОБРО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Овој совет е директно поврзан со боите и може да ви помогне вашата кујна да стане пријатен простор во текот на ова лето. Осветлувањето на кујната е поделено во две главни категории: работно осветлување и природно осветлување. Работното осветлување е она кое ги покрива вашите апарати и работни површини. Ова ги вклучува мијалникот, шпоретот и поголемите работни површини. Природното осветлување може да се вгради во вашата кујна со внимателно планирање на дизајнот и ќе ја направи најголемата разлика во дизајнот на вашата кујна ова лето. Прозорците во отворениот простор, дури и плафонските прозори можат да ви го обезбедат овој вид на осветлување.

3. ДОБРА ВЕНТИЛАЦИЈА

Дизајнирањето на вашата кујна, значи и управување со топлината така што кујната ќе биде удобен простор за престој. Најдобриот начин за вашата да се справите со големите топлотни бранови ова лето е да инвестирате и да инсталирате висококвалитетен систем за вентилација и аспирација. Отворените ентериерни решенија кои ги поврзуваат кујната и дневната соба се сигурен начин за добар проток на воздухот на начин на кој ќе се зголеми ефикасноста на вашиот клима уред или систем за ладење.

4. НАПРАВЕТЕ ПРОСТОР ЗА МАЛИ АПАРАТИ

Во текот на летните месеци мала е веројатноста дека постојано ќе ја уклучувате вашата рерна. Наместо тоа, поверојатно е дека ќе настојувате секојдневно да ги користите помалите апарати како микробрановата печка, тостерот или соковникот. Добриот дизајн на кујната подразбира кога сите овие апарати ќе имаат сопствено место, но истовремено секогаш да ви бидат на дофат. На пример, доклку имате поголем соковник кој ви зазема премногу простор на работната површина, најдобро решение би било да разгледате некоја опција за негово вградување која ќе ја подобри организацијата на простор и воедно изгледот на вашата кујна.

5. СЕЗОНСКА ДЕКОРАЦИЈА

Доколку не сакате да ја реновирате вашата кујна од темел, но сепак сакате да го промените нејзиниот изглед ова лето, постојат низа декоративни решенија кои можат да донесат свежина во просторот. Размислете за додавање на декоративни растенија или пак зачински растенија на кујнските полици, на прозорите или околу мијалникот. Одберете украси кои се вклопуваат во летните бои, особено во бела боја, светло дрво или небесно сини тонови. Постојат налик бесконечен број достапни опции за кујнски крпи и прекривки со летни мотиви. Размислете ги сите опции за освежување на вашата кујна – добриот дизајн често се сведува на малите детали. 

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP