WoodMark

Кои сме ние

Кои сме ние

Целосно индивидуализиран пристап за секој ентериерен проект

Компанијата Wood Мark постои повеќе години на македонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија. Седиштето на нашата компанија се наоѓа на 1.800м2 каде се наоѓаат машинскиот дел и работилницата заедно со магацинскиот простор, а од нив на 200м2 работи административниот дел од персоналот.

Главната дејност на нашата компанија е изработка на мебел и истиот опфаќа 70% од нашето производство за изработка на кујни, спални, плакари, кревети, дневни соби, детски соби, претсобје и канцелариски мебел, а остатокот отпаѓа на изработка на полупроизводи за тапациран мебел и обработка на плочести материјали како услужна дејност за кроење и кантирање.

Нашата компанија има 40 вработени кои се распределени во повеќе сектори, и тоа сектор раководство, сектор продажба, сектор непроизводствена администрација, проектантско студио, машински сектор, сектор за производство и монтажа, сектор транспорт и фарбара. Мебелот произведен во Wood Mark е проектиран од сопствено дизајнерско-проектанско студио, кое понатаму се продуцира во 2 линии, едната за производство, а другата ЦНЦ линија со најсовремена машинска технологија и една мануелна во зависност од потребите на производот. Скоро во сите делови користиме најнова технологија не постара од 2020 година. Машинскиот сектор и секторот работилница го исполнуваат она што е наша јака страна, а тоа е точност, исполнителност и одговорност, зад се она што ќе се договориме со нашите клиенти. Нашата цел е со нашиот квалитет и сериозност и со нашиот сектор за сервис да имаме задоволни клиенти.

Техничка моќ на компанијата

BIESSE SELCO CUTTER SEKTOR 450-K1–Автоматски кројач (год.на производство 2021)
BRAND HOMAG HIGHFLEX –Кантерка (год.на производство 2017)
BIESSE ROVER A –ЦНЦ машина (год.на производство 2018)
ROBLAND MANUEL CUTTER –Мануелен кројач (год.на производство 2018)
HEBROCK EDGEBANDER –Кантерка (год.на производство 2007)
BRAND TDB HX-DRILING MASHINE –Столна фреза (год.на производство 2015)
BLUM PRO-CENTЕR –Бушилица (год.на производство 2015)
SCM ITALIA UBRIFTER – Фреза (год.на производство 2008)

Производен капацитет

Компанијата за сопствени потреби обработува месечно во просек од 500 до 900 табли плочест материјал, а максималниот месечен капацитет изнесува 1.200 табли плочест материјал.
Поседуваме комплетно независно производство составено од повеќе сектори:
Проектантски сектор – задолжен за проектирање на мебел
Машински погон – задолжен за сите машински процеси, кроење, кантирање, бушење, CNC обработки, пакување
Работилница – задолжен за склопување и монтажа на мебел по мерка
Фарбара – задолжена за фарбање на плочести материјали од дрво
Администрација и продажба – сектор задолжен за сите преостанати непроизводствени процеси

Доколку имате потреба од нашите услуги доставете ни ваш контакт преку формата за контакт или на социјалните мрежи каде што ќе ве контактираат од нашиот проектантски тим за да закажеме состанок во нашите простории.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP