Информации за проектот
Проект:
Premium Watch and Jewelry Store B-Watch
Локација:
Скопје, East Gate Mall
Изведба:
Wood Mark
Ви претставуваме модерен и луксузен изглед на продавница каде индустрискиот дизајн на уникатен начин ја дава сета софистицираност на продавницата. Комбинацијата на повеќе материјали како метал, стакло и дрво заедно со темните бои ги истакнуваат луксузните производите, но примамливоста е во невообичаениот изглед. Импресивноста на дизајнот е благодарение на сложеноста и смелата естетика што ги примамува посетителите. А видливиот квалитет на целосната изработка го соединува целиот дизајн.
Сите елементи од мебел се изработени по мерка од страна на нашиот тим во нашата фабрика во Скопје, додека пак проектот го потпишува EDNA Design & Architecture.