Информации за проектот
Софистицираност, елеганција и луксуз се неколку од синонимите кога го опишуваме овој простор кој го реализиравме за нашите верни клиенти Dioptra Optics. Ѕидните изложбени елементи, кои служат за изложување на најпрепознатливите брендови од светот на оптиката и очилата, се изработени во класичен дизајн кој што може да се забележи во капителите и опшивките изработени од фарбан медијапан, но со цел да се добие таа софистицираност во просторот на елементите се монтирани стаклени полици кои што му даваат леснотија и прегледност на просторот. Како акцентни бои се појавуваат кралско сината – во уникатниот централен елемент од фарбан медијапан, како и нијанси на жолта и кафена во прекрасната текстура на мермерот која е дополнително изразена од внимателно одбраното осветлување и употребата на огледала на централниот столб.
Сите елементи од мебел се изработени по мерка од страна на нашиот тим во нашата фабрика во Скопје.