WoodMark
Информации за проектот
Проект: Ентериерно уредување на простор за индивидуално домување И.К.
Локација: Кавадарци
Фотографија: Darko Sahpazov Real Estate and Interior Photography
Во месецот што претстои ви претставуваме неколку простори за индивидуално домување кои се надеваме ќе ве инспирираат. Во овој простор за индивидуално домување со отворен концепт реализиравме мебел со стил кој се одликува со богати земјени тонови и материјали во кој се истакнуваат впечатливите текстури на дрво и камен. Посветивме особено внимание на деталите и функционалноста на вградените преградни елементи со кои добиваме максимално искористување на просторот и во кои вградивме амбиентално осветлување и нијансирани огледала кои го поврзуваат просторот во целост. Изработено со многу љубов во Wood Mark™

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP