WoodMark
Информации за проектот
Проект: Ентериерно уредување на простор за индивидуално домување Ј.П.
Локација: Скопје
Изведба: Wood Mark
Фотографија: Darko Sahpazov Real Estate and Interior Photography
Добредојдовте во нашето последно остварување од резиденцијален тип. Простран ентериер, со многу природна светлина, која стратешки ја искористуваме во сите делови од овој простор – првично со вградување на формација од огледала со фазета во дневниот простор кој му дава дополнителна длабочина. Неконвенционалниот, но естетски, централен висечки елемент изработен од фарбан медијапан во бела боја создава ритам и дефиниција без да го наруши природниот тек во просторот. Понатаму, во трпезаријата и кујната создадовме модерна и софистицирана оаза со елементи од мебел изработени од избор на природни материјали со вкус и висок стил. За крај, реализиравме спална соба со сопствен walk-in гардеробер и сопствен тоалет со мебел во топли нијанси на дрво и камен како и ѕидни облоги со вградено LED осветлување кои меѓусебно се надополнуваат и функционираат како вистинска целина. Изработено со многу љубов во Wood Mark™

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP