WoodMark
Информации за проектот
Проект: Ентериерно уредување на простор за индивидуално домување Т.Ч.
Локација: Скопје
Изведба: Wood Mark
Стапнете во нашете последно ентериерно остварување каде ќе најдете повеќе од мебел – стил кој дефинира префинетост со секој чекор. Почнувајќи од влезниот портал, кој претставува композиција од различни форми изработени од оплеменета иверка со дезен на темен орев и беж акценти и кој го навестува амбиентот во преостанатиот дел од просторот. Модерната кујна изработена во комбинација од антрацитен камен и парсол стакло во која прецизно ги вградивме едни од најдобрите кујнски апарати создавајќи спој на стил и функционалност. Спалната соба заедно со сопствената бања кои ги дели само еден стаклен ѕид претставува вистинско прибежиште од брзиот начин на живот. Овде вградивме лизгачки плакари со делумно стаклени врати кои создаваат многу простор за складирање, но не го оптеретуваат просторот благодарение на изборот на материјали.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP