WoodMark

Еликсир ГТЦ

Информации за проектот
Проект: Ентериерно уредување на деловен простор Еликсир Ексклузив Парфимерии
Локација: Скопје, Градски Трговски Центар – Скопје
Архитектонско студио: KLstudio.mk
Фотографија: Дарко Шахпазов
Share:

Во овие независни целини преовладуваат формата и бојата за да се стави акцент на разновидноста на производите – парфеми и козметика. Неутралноста на вградените елементи изработени од фарбан медијапан и заоблениот пулт, остава простор за контрастот во боите на централно поставените елементи со што се создава целина и рамнотежа. Како и секој простор на Еликсир Ексклузив парфимериите, изработката е целосно по мерка и со тоа и секогаш различна, но се задржани основните елементи на дизајнот – формата, бојата и материјалите со цел да се зацврсти идентитетот на брендот.

Сите елементи од мебел се изработени по мерка од страна на нашиот тим во нашата фабрика во Скопје, додека пак проектот го потпишува KL Studio.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP