WoodMark
Информации за проектот
Проект: Shoes & Accessories Store Mond
Локација: Скопје, East Gate Mall
Изведба: Wood Mark
Кога станува збор за практичноста и одржливоста на малопродажен објект, дрвото е најкорисниот елемент. Повторно ви претставуваме еден уникатен дизајн по мерка, внимателно дизајниран за потребите на продавницата. Ефикасното складирање и изложување на производите се од големо значење при ваков дизајн за која што цел изработивме елементи за одложување од метални профили и решетки, кои се вклопуваат со исто така по мерка изработените решеткасти плафонски држачи за светло. Од распоредот на малопродажниот простор до начинот на кој се презентираат понудените артикли, дизајнот може да има огромно влијание на клиентите. Понатаму, избрана е соодветна палета на бои што одговараат на самиот идентитет на брендот.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP