WoodMark

Tuc Tuc

Информации за проектот
Проект: Ентериерно уредување на деловен простор TUC TUC
Локација: Настел, Скопје
Изведба: Wood Mark

Добро познатиот бренд за детска облека и додатоци TucTuc&Friends ни ја довери изведбата на нивниот продажен салон во Скопје. Веднаш на влезот се чувствува леснотијата и прозрачноста на овој простор, благодарение на внимателно одбраното осветлување и смирените бои. Целта на овој дизајн е токму тоа – да се создаде пријатен простор кој ќе им биде лесно прегледен на клиентите, но истовремено да се задржи идентитетот на брендот преку разиграните форми на елементите изработени од комбинација на фарбан медијапан во бела боја и оплеменета иверка со светол дрвен дезен. Дополнителните акценти во жолта боја кои можеме да ги забележиме на тапацираните елементи го приближуваат дизајнот до најмладите на кои всушност им е посветен.

Реализација на ентериерни решенија и изработка на мебел по мерка.

Контакт
+389 02 520 9642
kontakt@wmdizajn.com
Адреса
Јустинијан Први 2б, Скопје 1000
UP