Зад сцените во Wood Mark: Менаџмент, Продажба и Администрација
Добредојдовте повторно зад сцените во Wood Mark, каде што ги истражуваме процесите и вештините во изработката на мебел по мерка. Во нашата претходна објава се запознавме со структурата на нашата фабрика заедно со сите нејзини сектори и производствени процеси. Денес, ја продолжуваме нашата приказна со тоа што ќе се обидеме да ви ги пренесеме динамиката и предизвиците со кои се соочуваат нашите сектори: менаџмент, продажба и администрација.
1. Визија
Креирање успех од концепт до реализација – Една од тајните на успехот на Wood Mark се крие во посветениот тим на лидери кои со својата визија, одлучуваат помеѓу бројните можности кои ги нуди оваа индустрија и ја создаваат патеката по која се движи нашата компанија. Нашето раководство има за цел да ги трансформира идеите во реалност и да ги создава, води и развива новите трендови како и да ги усовршува трајните вредности во индустријата на производство на мебел по мерка.
Еден од клучните аспекти на менаџментот на Wood Mark е негувањето на култура на константен развој и надградба. За таа цел за секој од нашите сектори се организираат професионални обуки од различен вид според потребите на секторот како што се на пример: Лидерство и Менаџмент, Односи со клиенти, Продажба, Специјализирани машински обуки, Специјализирани софтверски обуки и други со чија помош сме секогаш еден чекор пред предизвиците.
Од поставување на стратешки цели до координацијата помеѓу различните сектори, секоја одлука на нашите лидери ја рефлектира нашата посветеност кон квалитетот.
2. Вештините во продажбата
Претворајќи ги желбите во реалност – Нашиот sales тим игра клучна улога во пртеворањето на вашите желби и замисли во реалност. Настрана од продажбата, сите членови од овој тим се дизајн ентузијасти и експерти во полето на мебел и дизајн кои целосно ги разбираат специфичностите во естетиката и производството. Преку нашиот showroom како и преку нашиот вебсајт и преку социјалните медиуми, нашиот продажен тим е тука да во води низ безбројните можности од нашиот каталог и со тоа да ви помогне да ги остварите вашите желби и замисли за вашиот простор.
Посветеноста на Wood Mark Кон клиентите оди многу подалеку од самата продажба. Нашите претставници остануваат посветени низ сите процеси, погрижувајќи се да истите течат непрекинато до самиот крај, односно целосната реализација на вашиот простор. Преку овој персонализиран пристап, а благодарение на сопственото производство на мебел и контролата на квалитет и логистика, можете да бидете сигурни дека целиот процес на реализација се одвива во согласност со Вашата визија и замисла.
3. Администрација и логистика
Вашата приказнa: Изработена со многу љубов во Wood Mark
Веруваме дека во ова продолжение на истражувањето зад сцените во Wood Mark, добивте подлабок впечаток и разбирање за различните предизвици со кои се соочуваат нашите сектори на раководство, продажба и администрација кои се клучен дел од нашата заедничка приказна. Од првичната идеја до реализацијата на вашиот простор, во секој чекор ќе најдете пасија и посветеност
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна и останете со нас и наредниот пат каде што ќе зборуваме повеќе околу проектирањето и производството.
Со многу љубов,
Wood Mark