КОИ СМЕ НИЕ
Компанијата Wood Мark постои повеќе од 20 години на Mакедонскиот пазар и прераснавме во една од најголемите компании за Custom Made Furniture во Македонија.
Седиштето на нашата компанија располага со 4000м2 простор, на кој се наоѓаат 1.800м2 производствени погони, а на 200м2 работи административниот дел од персоналот.
Главната дејност на нашата компанија е изработка на мебел по мерка koja опфаќа 80% од нашето производство односно производство на Канцелариски мебел, Работни маси, Плакари, Приемни пултови, Конференциски сали, Аудиториуми, како и Мебел за домување, Кујни, Спални, Плакари, Детски соби, Дневни соби, Трпезарии, а остатокот отпаѓа на изработка на полупроизводи за тапациран мебел и обработка на плочести материјали, како услужна дејност за фарбање, кроење и кантирање.
Нашата компанија има околу 40 вработени кои се распределени во повеќе сектори:
Мебелот произведен во Wood Mark е мебел е контролиран во сите делови на производството. Почнувајки од првата точка, тој е Проектиран од искусни проектанти за мебел кои имаат за задача да ги опфатат сите понатамошни процеси. Мебелот машински се процесира во 2 линии – едната е мануелна, а другата е ЦНЦ линија со најсовремена машинска технологија , во зависност од потребите на производот. Скоро во сите делови користиме најнова технологија. Машинскиот сектор и секторот работилница заедно со Секторот Фарбара го исполнуваат она што е наша најјака страна, а тоа е Точност, Прецизност, Исполнителност, Одговорност, зад се она што ќе се договориме со нашите клиенти. Нашата цел е со нашата сериозност и деловен пристап да имаме се поголем број задоволни клиенти.
Техничка моќ на компанијата
- BIESSE SELCO CUTTER SEKTOR 450-K1–Автоматски кројач (год.на производство 2021)
- BRAND HOMAG HIGHFLEX –Кантерка (год.на производство 2017)
- BIESSE CNC ROVER A –ЦНЦ машина (год.на производство 2018)
- CNC DRILING 6 SIDE Centar –ЦНЦ бушилица (год.на производство 2023)
- ROBLAND MANUEL CUTTER –Мануелен кројач (год.на производство 2018)
- HEBROCK EDGEBANDER –Кантерка (год.на производство 2010)
- BRAND TDB HX-DRILING MASHINE –Столна фреза (год.на производство 2015)
- BLUM PRO-CENTЕR –Бушилица (год.на производство 2015)
- SCM ITALIY UBRIFTER – Фреза (год.на производство 2008)
- SCM ITALIY S 520 – Дихт (год.на производство 2008)
- SCM ITALIY TOP 35 – Бушилица (год.на производство 2008)
- LINDE H 5.5 Forklift – Товарен вилушкар (год.на производство 2015)
- MERCEDES 313 – Товарно возило (год.на производство 2015)
- FINI PLUS 2208 ITALY – Централен компресорски систем ( год. на производство 2019)
Производен капацитет
Компанијата за сопствени потреби обработува месечно во просек од 500 до 900 табли плочест материјал, а максималниот месечен капацитет изнесува 1.200 табли плочест материјал.
НАШИ НАЈГОЛЕМИ ИСКУСТВА
Како реномирана компанија, активно работиме во индустријата на мебел по мерка повеќе од 20 години и постојано се стремиме да реализираме совршени комбинациии на техничко решение и естетиката, со цел клиентот да добие функционално и модерно уреден простор. Нашите најголеми искуства се токму во уредувањето на бројни простори, пред се за нашите деловни клиенти, како и оние за индивидуално домување. Модерната производствена технологија и нашиот искусен тим се подготвени со своите знаења и експертизи да Ви овозможат поддршка за Вашето патување до конечната цел – одлично уреден простор.